Членовите на кајакарскиот кану клуб „Стрмец“  кои учествуваа на 18-та меѓународна регата во кајак и кану која се одржа од 30.Јули до 1.Август во Островска нова вес-Република Чешка се вратија со исклучителни резултати.


На регатата учествуваа 27 екипи со преку 300 натпреварувачи и се одржаа 84 трки. Натпреварувачите од ККК„Стрмец“ освоија 7 медали од кој еден златен, три сребрени и три бронзени медали и тоа во следните дисциплини:

– К-500 м. (Пионери) Петар Бачев – 2 место,сребрен медал.
– К2-500 м.(Кадети) Јован Пендовски и Димитар Спироски – 1 место,златен медал.
– К2-500 м.(Пионери)Александар Волканоски и Христијан Танески – 3 место,бронзен медал.
– К2-500 м.(Јуниори)Петар Трајчески и Владимир Трајчески – 3место, бронзен медал.
– Мини кајак 2000 м. Владимир Велјаноски – 2 место, сребрен медал.
– Мини кајак 2000 м. Петар Бачев – 3 место, бонзен медал.


Додека првиот Македонски кануиста, Раде Попоски, настапи во дисциплината за ветерани на Ц1 -500 м. и го освои 2 место-сребрен медал.

На регатата присуствуваше и ја даде својата поддршка Александар Коцарев, кој во Охрид и Македонија беше дел од кајакот и пливањето. Познат е и како тренер на нашите најдобри маратонци Дики Бојаџи, Атина Бојаџи, Нико Нестор и Ристо Савин.

Ohridnews