Охридскиот спорт во името на Женскиот фудбалски клуб “Билјанини Извори“ доби есенски првак во прволигашка конкуренција. Клубот е формиран во 2010 година и од тогаш наваму констатно работи по најдобрите теркови, а наградата за тоа е есенската титула со девет победи во исто толку мечеви.


– ЖФК Билјанини Извори заедно со ЖФК Единство го започнаа првенството како најголеми конкуренти за освојувањето на титулата. Тоа сеа потврди на теренот дека оваа година шампионатот ќе биде неизсвесен. Ние успеавме да славиме на сите натпревари и сосема заслужено се најдовме на тронот после првата етапа – истакна претседателот на ЖФК “Билјани Извори“, Јовче Попоски.
Тој потенцираше оти многу луѓе во Охрид не знаат дека има женски фудбал и дека нивната екипа е на самиот врв во првенство. Охриѓанки на вистинскиот пат се да ја донесат титулата на крајот од шампионатот што би значело пласман во Лигата на Шампиони.


Со сигурност тврдам дека ќе ја освоиме титулата на крајот од првенството и ќе обезбедиме пласман во Лигата на Шампиони. Но многу луѓе во Охрид не се запознаени дека тука има женски фудбал и оти сме есенски прваци – посочи Попоски.

Единствена помош за ЖФК “Билјанини Извори“ стигнува од Општина Охрид која им покрива поголем дел од техничките работи.

Немаме никаква помош и поддршка од ни една фирма во градот. Повеќето фудбалерки се од Скопје и секое нивно доаѓање во Охрид за натпревари го плаќам самиот. Тие тренираат со посебна програма во Скопје и таа ја плаќам јас, што е крајно неизводливо. Ако во Охрид нема заинтересирани за женскиот фудбал најдобро би било за сите домашните натпревари да ги играме во друг град – заврши Попоски.

Мх.П.