Актуелниот шампион во Ла лига, Реал Мадрид го претрпе вториот пораз сезонава, откако изгуби (2-1) од Жирона на гостинските во десеттата рунда од првенството.

„Кралевите“ оружјето го положија во второто полувреме во кое примија два погодоци и ја прокоцкаа предноста од првиот дел.

Изедначувачкиот погодок домаќините го постигнаа во 54-та минута, а голот за водство кој на крајот се покажа пресуден четири минути подоцна. Резултатот на мечот го отвори Иско во 12-та минута.

 

После поразот „кралевите“ имаат осум бодови негатива од лидерот Барселона кој има импозантен скор од девет победи и едно реми.

OhridNews