Манчестер Јунајтед и Арсенал ги поделија бодовите во дерби пресметката на Олд Трафорд ремизирајќи (1-1) во дерби средбата од 12-та рунда во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ доминираа во текот на мечот и постигнаа гол за водство во 68-та минута преку Хуан Мата по додавањето од Андер Ерера.
Францускиот стручњак Арсен Венгер по примениот погодок, во игра ги уфрли Жиру и Окслејд Чемберлејн, а токму тие двајца беа творци за изедначувачкиот погодок во 90-та минута.
Со ремито „топчиите“ ја исполнија својата мисија додека пулените на Жозе Мурињо направија нов чекор назад во борбата за првите четири позиции на табелата.
OhridNews