Оливие Жиру кој со погодокот во 92-та минута обезбеди реми (3-3) за Арсенал на гостувањето во Бурнмаут се најде на мета од навивачите на Арсенал.


Поддржувачите на „точиите“ на социјалните мрежи го распнаа Жиру за бурното прославување на голот, место да дотрча до топката и да ја земе и да ја донесе на центар, со што би го убрзал продолжението од мечот.

Натпреварот на Виталити стадионот продолжен беше шест минути, а Жиру погодок постигна во втората минута од судиското продолжение.

Себичен човек, мисли само на себе, а не и на екипата.

Минутата која ја потроши за прославување на погодокот можеше да ја искористиш да постигнеш уште еден и сите заедно да се радуваме на победа.

Се само мал дел од коментарите на Твитер адресирани кон францускиот репрезентативец кој претходно два пати асистираше за своите играчи.

OhridNews