Францускиот напаѓач Оливие Жиру го напушти Арсенал, но остана во Лондон, откако договори соработката со екипата на Челси.

31-годишниот фудбалер со „сините“ потпиша договор 18 месеци и на грбот ќе го носи бројот 18. – Челси е еден од најголемите клубови во Премиер лигата. Клубот има освоени најмногу трофеи последните години и токму тоа ми беше препорака да дојдам тука. Со нетрпение го чекам моментот кога ќе истрчам на теренот со дресот на Челси.

Доаѓањето на Жиру значеше преселба на Мачу Бачујаши на шестмесечна позајмица во Борусија Дортмунд поради голема конкуренција. Бачујаши во редовите на „милионерите“ ќе има задача да го замени Пјер Америк Обамејанг кој се пресели во Арсенал.

Неверојатно среќен и плоден ден на трансфер пазарот за Арсенал

OhridNews