На 17 јануари, околу 10 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во куќа во селото Климештани, општина Дебарца, пронајде е починат 59-годишен жител на истото село. Од страна на лекар од Итната медицинска помош, констатирани се повреди во пределот на главата, информира СВР Охрид.

Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи а по наредба, врз телото денеска ќе биде извршена обдукција.  СВР Охрид презема мерки за расветлување на настанот.

OhridNews