Во полициското одделение Велешта, вчера, во 13 часот, било пријавено дека во Медицинскиот центар во Вевчани, со тешки телесни повреди е донесено 51-годишно лице од струшкото село Лабуништа.

Повредениот потоа бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а потоа, со медицинско возило бил транспортиран кон Ургентен центар во Скопје, но во тек на транспортот, им подлегнал на повредите.

По преземени мерки, утврдено е дека лицето изведувало градежни работи во двор од семејната куќа во Лабуништа при што паднало од висина.  

По наредба на Јавен обвинител, извршена е обдукција и не се утврдени траги на насилство.

OhridNews