Полициската станица од Делчево при СВР Штип поднесе кривична пријава против 58-годишен жител на охридското село Лескоец, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“.
Пријавениот на 21-ви јуни 2015 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист довел во заблуда жител на Делчево со лажно прикажување на факти, дека ќе му среди документи за работа во Швајцарија. За возврат тој побарал од лицето да уплати 25.000 денари на трансакциски сметки, оштетувајќи го за истата сума.
OhridNews