СВР Битола поднесе кривична пријава против 53 годишен жител на струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Пријавениот, како инвеститор и сопственик, во март 2016 година поднел барање за одобрение за градба и започнал со градежни работи за изградба на нова станбена зграда без претходно, од општина Битола,  да го обезбеди одобрението за градење.

OhridNews