Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 38-годишно лице од струшкото село Поум, струшко за сторено кривично дело „кражба“ на дрва.

Кражбата на дрва била откриена на 10 август околу 20.30 часот, во село Ложани, кога од страна на полициски службеници било забележано патничко моторно возило „Голф“. Возилото било управувано од пријавениот, а било натоварено со дрва без соодветна документација.

OhridNews