52-годишен жител на струшкото село Велешта „заработи“ кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Како што информираат од МВР, при инспекциски надзор во Велешта, од страна на градежен инспектор од Општина Струга, било констатирано дека пријавениот на парцела во селото, изградил објект за домување, без одобрение за градба.

OhridNews