Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишен жител на охридското село Велестово. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот, казненото дело го извршил на десетти декември минатата година, околу 13 часот на локалниот пат кон селото Велестово.

– Револтиран што на патот бил запрен џип марка „Ленровер“, пријавениот кој со друго патничко возило се движел по локалниот пат, застанал и излегол од возилото по што започнал вербална расправија со 57-годишно лице од селото Рача. Потоа, извадил нож со сечиво од околу триесеттина сантиметри и почнал да му се заканува, информира Димоски.

Понатамошниот тек на настанот бил спречен од присутни граѓани кои, пријавениот го оттргнале на страна. Истиот, притоа фрлил со камен кон автомобилот на лицето од Рача оштетувајќи го ретровизорот.

OhridNews