Вчера околу 15 часот во НККР-Струга од страна на 43- годишен жител од струшкото село Ново село, било пријавено дека во ниви во атар на селото Ливада, пронашол една рамка за автоматска пушка која била оштетена, 14 куршуми калибар 7.62мм непознато производство, четири оштетени чаури и три зрна од проектил.
Истите од страна на надлежните служби се подигнати за понатамошна постапка.
OhridNews