Жители на населбата “Бејбунар” протестираа против изградба на зграда, инвеститорот и општината тврдат дека се е легално
09.05.19 19:01
Група станари од зградите во населбата „Бејбунар“, во близина на ресторанот “Грош” изградени во седумдесеттите години од минатиот век, денеска одржааа протест против изградба на нова станбена зграда на локација во нивното соседство за која сметаат дека го нарушува просторот, затоа што, како што велат, маркицата е вметната во зеленилото меѓу постоечките станбени блокови.
IТие сметаат дека на тој начин се нарушува урбанистичкиот простор и значително се намалува квалитетот на секојдневниот живот на повеќе од илјада жители на населбата. Граѓаните упатија барање до градоначалникот да ја стопира изградбата.
Како љубител на природата дали вие ќе дозволите да бидете запаметен по тоа што во вашето владеење се уништувани тревни површини, сечени дрвја, со цел градење на бови објекти. Дали ќе дозволилите да се изградат овие бетонски зданија на местото каде некогаш имало убави паркови, го запраша Белинда Андоноска градоначалникот Константин Георгиески.
Градоначалникот Георгиески кој и официјално стапи на функцијата појасни дека се работи за стар предмет, за кој бил донесен план за изградба уште пред 8 години, во 2011 година. Истакна дека против тој план своевремено била поднесена жалба до Управен суд, што била одбиена, а во 2014 година биле уредно платени комуналии за објектот така што во 2018 општината издала одобрение за градба.
Мене ми е жал, јас сочуствувам со станарите и со сите тие луѓе кои се засегнати со овој проблем меѓутоа тие реагирале кога се носел планот, а нивната иницијатива е одбиена од Управен суд и јас сега како градоначалник немам никакви методи да инвеститор кој платил комуналии го спречувам во градба, рече Георгиески.
Инвеститорот кој сега само чека потврда од Вишиот управен суд за правосилност на одбрението за градба, истакнува дека согласно законот има право да отпочне со подготвителни градежни работи на терен. Во писменото соопштение инвеститорот појаснува дека се работи за парцела во приватна сопственост на повеќе семејства, за која е обезбедена целосна документација, што е оспорена пред Вишиот управен од каде се очекува конечна одлука. Дополнително, инвеститорот и семејствата на чиј имот треба да се гради станбена зграда, укажуваат дека сите згради на овој простор се изградени на имот на нивните предци, одземен со денационализација, а локацијата на која сега треба согласно урбанистички план да никне зграда, е во приватна сопственост на наследниците. Тие отворено прашуваат како може да се изградат десеттина згради на одземен имот, а сопствениците да не можат да градат на нивно земјиште?
Според тврдењата на инвеститорот и сопствениците на имотот, нема ништо нелегално во нивните активности, за што приложуваат, како што наведуваат, целосна документација, со одобренија, решенија, одлуки, па и пресуда на Управниот суд.
Со одобрението што е стапено на сила на 20 август минатата година, му се одобрува на инвеститорот да изведува подготвителни работи. Подготвителните работи ќе се одвиваат во согласност со правосилното одобрение за подготвителни работи, се вели во писмената реакција.
Во реакцијата уште се укажува дека со вакви протести се загрозува правото на приватна сопственост, преку злоупотреба на медиуми и пласирање лажни информации.
На 08112025 во 15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на угостителски објект лоциран на регионалниот пат Калишта – Струга, едно лице – сопатник во патничко возило „бмв“ го о...
Организацијата “SupportKocani” соопшти дека извршила втора распределба на средства на повредени во катастрофалниот пожар што се случи на 16 март во Кочани Собрани се вкупно 10944793 ден...
При вонреден индпекциски надзор на подрачјето во општина Чучер-Сандево, извршен од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по пријава од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Ск...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.