Ѓраѓани кои живеат на улицата „Момчило Јораданоски“ во Охрид преку допис до OhridNews се жалат дека поради неасфалтираните приоди пред стамбените згради, секојдневно се принудени да поминуваат низ кал.
-Условите се многу лоши особено кога времето е врнежливо. Оваа состојба не е во ред бидејќи сопствениците на становите во овие згради имаат платени комунали што значи дека општината треба да ја обезбеди потребната инфраструктура како што е пат и осветлување. Би требало под итно надлежните да се преземат мерки, велат станарите на стамбените згради кои се лоцирани на оваа улица.
Спoред нив, доколу општината нема средства да ги асфалтуира приодите до зградите, во моментов доволно би било само да ги тампонира со песок.
OhridNews











