Жителите од населба Рача во допис до нашиот медиум реагираат дека влезот од регионалниот пат Охрид – Св. – Стефан во населбата, е небезбеден. Додаваат оти досега неколку пати реагирале, но проблемот се уште не е решен.

По којзнае кој пат реагираме да се санира влезот во населбата бидејќи со години е запуштен, а има вдлабнатини во бекатонките и по 20 cm длабочина. Приклучувањето на главниот пат е секогаш игра на среќа надевајќи се дека од левата страна нема да доаѓа кола со голема брзина бидејќи нема никаква прегледност. Мора да избираме дали да гледаме на сообраќајот или да не ги погодиме страшните дупки, потенцираат тие.

Жители на Рача се жалат дека влезот во населбата е небезбеден

Апелираат до локалната власт да се реши проблемот во најбрз можен рок.

OhridNews