Жители од струшкото село Лабуништа со возила блокираа локален пат во знак на протест против нелегална сеча на огревно дрво во атарот на селото и со цел надлежните да преземат мерки за справување со лицата кои нелегално ги сечат дрвата.
Во знак на револт поради нелегална сеча на огревно дрво неодамна протестираа и жителите на село Подгорци, а минатата година протести имаше и во селото Мислодежда, каде локалното население го стопираше транспортот на огревно дрво од планината Краорман, која, како што тогаш беше истакнато, неконтролирано ја пустошат крадци на дрва.
OhridNews