Во работна посета на општина Дебарца престојуваше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која оствари средба со Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски. Тема на разговор била соработката на двете институции од аспект на безбедноста во општина Дебарца како и едукација на најмладите.

На средбата било договорено да се засилат полициските патроли на територијата на општина Дебарца со цел зголемување на безбедноста. Исто така било договорено во склоп на општинската зграда да биде отворена полициска канцеларија во која жителите на општина Дебарца ќе ги пријавуваат своите проблеми од областа на безбедноста.

Покрај за безбедноста, на состанокот се разговарало за профункционирањето на локалниот совет за превенција во општина Дебарца.

Министерката ја искористи посетата на општина Дебарца да оствари средба со жителите на с.Белчишта Тие имаа можност да и постават прашања на министерката меѓу кои беше и тоа дали може општина Дебарца да добие сопствени регистерски таблици.

OhridNews