Месната заедница на Горна Влашка Мала поднела граѓанска иницијатива до градоначалникот Александар Петрески и до Советот на Општина Охрид за дислоцирање на времено поставените објекти во нивната населба и враќање на тоа место во првобитната состојба. На истото место, тие бараат, да се оформи парк со детски реквизити, за игра и рекреација. 


Со цел да ги соопштат деталите за оваа иницијатива, членовите на Месната заедница, утре со почеток 12 часот, ќе одржат прес конеренција кај Чинарот во Горна Влашка Мала.

OhridNews