Жителите на селото Оровник, во недела на 3-ти април 2016 година од 12 до 13 часот ќе го блокираат сообраќајот на Магистралниот пат Охрид-Кичево во атарот на селото во близина на Охридскиот аеродром.
Блокадата се организира поради неисполнување на барањата наведени во дописот кој жителите го испратиле до инвеститорот на автопатот, Агенцијата за патишта, Надзорниот орган за изградба и општина Дебрца.
-Протестот ќе се организира поради неисполнување на нашите барања во поглед на изградбата на споредни и алтернативни патишта паралелно од двете страни на автопатот и проблемите околу ниската цена на експропријација на земјиштето кое што се одзема за изградба на автопатот, велат организаторите на протестот.
OhridNews