Тротоарот долж улицата „Марко Цепенков“ од Инфективното одделение накај Стобекс од страна на болницата е ископан и несаниран, а воедно и на самата сообраќајница има дупки кои треба да се санираат, реагираат жителите на населбите Видобишта и Гоце Делчев (Бараки).
Ископан е и несаниран тротоар помеѓу двете кружни од страната на болницата, а посебно околу кружното кај Стобекс и „Бараки“. Работни активности се одвиваа од половина на месец јануари се до пред 3-4 недели и ништо не е санирано. Ги оштетивме возилата, има големи дупки со длабочина и од 12-15 сантиметри, велат жителите.
Револтирани упатуваат прашање до надлежните служби кога ќе бидат завршени тротоарите и санирани дупките на улицата?
Жителите на „Видобишта“ и „Бараки“ се жалат на лоша состојбата на улицата „Марко Цепенков“
Редакцијата на OhridNews се обрати до службите во Општина Охрид надлежни за овие прашања, но до моментот на објавување на текстот не добивме одговор.
Н.С.Ј.