Повеќе граѓани од Влашка маала и деруги населби во градот попладнево протестираа против поставување на базна станица на мобилен оператор на приватен објект во чија близина се наоѓа основното училиште „Христо Узунов“ и градинка.
-Ние остваривме средба со претставници на компанијата ВИП од каде не уверуваа дека базната станица нема штетно зрачење со што ние не се согласуваме, бидејќи нашите сознанија говорат нешто друго. Бараме да се отстрани конструкцијата за поставување на базна станица од објектот и нема да дозволиме поставување на антена, бидејќи стравуваме за здравјето на нашите деца кои учат во осносвното училиште или ја посетуваат градинката во непосредна близина. – истакна на протестот Петар Трајаноски.
Жителите на Влашка маала најавија дека ќе покренат иницијатива за измена на законот, бидејќи сметаат дека истиот е нелогичен и не ги штити граѓаните.
–Има една голема нелогичност во законот. Имено за поставување базна станица вон населено место се бара изготвување на елабират за влијание врз животната средина, а за поставување на антени во населени места тоа не е потребно. Заедно со други урбани заедници следната недела ќе поднесеме иницијатива за измена на законот на која работи група составена од правници. – истакна Јоне Станкоски.
Од протестот беше побарана поддршка од советниците во градското собрание, градоначаникот и пратениците од Охрид.
OhridNews















