Жителите на струшко Мислодежда денеска го блокираа локалниот пат во знак на револт од, како што рекоа, неконтролираната сеча на шумите во атарот на селото.

Тие бараат од надлежните институции и шумското стопанство да прекинат со масовното сечење на дрва, бидејќи нивните приватни шуми неконтролирано се уништуваат, се загрозуваат изворите од кои со вода се снабдува селото, а се оштетува и локалната инфраструктура.

Своите барања жителите ги доставиле до надлежните институции и најавија дека нема да ги пропуштаат камионите кои товарат дрва, доколку не се исполнат истите.

Претставници од шумското стопанство дојдоа во Мислодежда на средба со месната заедница со цел решвање на проблемот.

OhridNews