Жителите на с. Враништа најавуваат протест за утре со блокада на магистралниот пат Струга – Дебар.
Протестот се организира по 3 пат ,зошто централните власти и Министерството за транспорт и врски останаа глуви и покрај тоа што беа писмено известени за нашите проблеми, односно немањето на канализациона мрежа и многу стара водоводна мрежа , која треба да се замени со нова, велат од МЗ Враништа.
Блокадата на магистралниот пат ќе трае еден час од 16-17ч.
OhridNews












