Барање за отстранување на нелегално поставени препреки на јавни површини во Стар Град понесоа жителите од овој дел до локалната самоуправа и СВР Охрид.

Во изминатиот период се почесто се појавуваат физички препреки како што се пластични гајби, метални столпчиња, бетонски блокови, рази конструкции прикачени на фасади и други импровизирани објекти со кои се блокираат и узурпираат јавни паркинг места и делови од улици. Овие објекти се поставуваат нелегално и самоволно, најчесто со цел приватно користење на јавен простор, што е спротивно на Законот за уредување на прсторот, Законот за безбедност во сообраќајот и прописите за комунален ред, потенцираат.
Со тоа, велат, не само што се нарушува јавниот интерес, туку се ограничува и правото на слободно движење, паркирање и пристап до јавна површина за сите граѓани.

OhridNews











