Најголемиот охридски произведувач на веб, пецива и прехрамбени продукти „Жито леб“, деновиве во комплексот „Летница“ во центарот на градот го отвори 21-от млечен ресторан, прв во ланецот кој ќе работи по принципот на франшиза.
Млечниот ресторан ќе работи во склоп на сендвичарата „Пинк Пантер“, но ќе функционира како засебен дел кој ќе ги нуди сите производи кои се препознатливи за брендот „Жито леб“.
-Потрошувачите тука ќе можат да се снабдат со сите производи на „Жито леб“ кои се со потврден квалитет на пазарот, а наскоро ваков тип на ресторани кои ќе работат по принципот на франшиза, ќе бидат отворени и во другите градови од регионот, информираат од компанијата.
„Жито леб“ Охрид го отвори 21-от млечен ресторан
Млечниот ресторан во комплексот Летница е вкупно шести на „Жито леб“ во Охрид.