Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време.Утре попладне во планинските предели ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура до среда ќе биде во постепен пораст, при што во вторник и во среда во најтоплите делови повторно ќе го надмине 40-иот степен.

Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу 5 степени се очекува во четврток и во петок. Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд кога ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. 

OhridNews