Македонија деновиве ќе се пече на температури околу четириесеттиот степен Целзиусов.

Максималната дневна температура во Охрид денеска ќе достигне до 30 степени, а во Гевгелија и Дојран таа ќе се искачи до 38 степени.

Топлотниот бран ќе продолжи во наредните денови, а кулминација ќе достигне во четврток и петок кога живата во термометрите ќе се искачи до 41 степен Целзиусов, најавуваат од УХМР Македонија.

OhridNews