Виетнамските лекари успешно извадиле куршум кој се наоѓал во срцето на 60-годишниот Дин Хунг – уште од виетнамската војна.

Хирурзите во текот на тричасовната интервенција извадиле куршум долг два ипол сантиментри, а оштетениот срцев залисток го замениле со вештачки.

Хунг бил ранет во 1968. година во една од најкрвавите битки со американската војска, вдолж линијата која ги двои северен и јужен Виетнам. Куршумот влегол низ стомакот, минал низ срцевиот залисток и останал во задниот ѕид на срцето.

„Вистинско чудо е не само како тогаш останал жив, туку и тоа што четири децении живеел со оштетено срце“ рекол еден од хирузите и навел дека пациентот ќе може да си оди дома за неколку дена.

(RTS)

С. К.