Градежниот работник Нихат Цевик од Турција, по повреда на работното место бил упатен на испитувања во болница во Истанбул, каде што рендгенската снимка покажала дека во стомакот има оштрица од нож со кој бил забоден во тепачка на една свадба во 2003 година во неговото родно место.

“Сознанието дека девет години сум живеел со оштрица од нож во стомакот ме запрепасти и почувстував огромен страв“, вели Нихат. Со оперативен зафат ќе му биде отстранета.