Еден од најдобрите напаѓачи во Серија А, Габриел Батистута поминува низ животна драма поради големите здраствени проблеми со нозете. Во интервју за официјалниот сајт на ФИФА популарниот „Батигол“ откри дека се движи со потешкотии и големи болки кои стануваат неиздржливи.
– Дадов повеќе од што можев и од што имав да дам. Затоа сега телото немилосрдно си го наплаќа данокот на мојот труд. – изјави Батистута.
Пред три години над неговите нозе извршена е операција и болките и проблемите се надминати, но тие годинава повторно се враќаат и некогашниот голгетер помислува на ампутација на двете нозе.
Батистута фудбалската кариера ја започна во Њу Олд Бојс. Потоа преминува во Ривер Плата па во лутиот ривал Бока Јуниорс. Прва дестинација во Европа му е Фиорентина каде останува цели девет сезони, потоа во Рома и Интер, а кариерата ја завршува во Ал Араби 2005 година.
Расниот голгетер во дресот на „гаучосите“ одигра 78 натпревари и има постигнато 56 голови.
OhridNews