Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во октомври 2012, во однос на септември 2012, бележат незначително зголемување од 0,2 отсто, а во однос на октомври 2011 5.3 проценти.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во октомври 2012, во однос на септември 2012, пораст на индексите е забележан во групите: Облека и обувки за 2.6%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.7%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.6%, Здравје и Останати стоки и услуги за 0.4% и Комуникации за 0.1%.ж

Намалување на индексот на трошоците на животот е забележан во групите: Транспорт за 2.1%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива и Рекреација и култура за 0.6%. На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун, Образование и Ресторани и хотели.

OhridNews