Пораст на трошоците е забележан во групите Ресторани и хотели за 1,8 отсто, Транспорт за 1,1, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,7, Останати стоки и услуги за 0,6, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,4, Облека и обувки за 0,3, Алкохолни пијалоци, тутун за 0,2, Домување, вода, електрика, гас и други горива, Здравје и Комуникации за 0,1 отсто.
Намалување на трошоците на живот е забележано во групата Рекреација и култура за 1,6 проценти. На ниво од претходниот месец се трошоците во групата Образование.