Жизел Бундшен и нејзиниот сопруг, рагби играчот Том Брејди, веднаш по завршувањето на суперболот одлучиле заедно со синот Бенџамин да заминат на одмор и тоа на топлите плажи во Костарика. Тамо папараците ја фотографирале манекенката додека уживала со сопругот и синчето на плажа, каде ја покажала својата навистина неверојатна фигура, која и ја направила најплатена манекенка на светот.
Имено, бразилската убавица неодамна со заработени 96 милиони фунти била прогласена за модел со најдобра заработувачка на светот. Поради ова можеме да заклучиме дека неа навистина ништо не и фали. Таа е преубава, богата, среќно мажена и мајка на прекрасно синче, а целото семејство неодамна се вселило во вила вредна 20 милиони долари.