Топ моделот Жизел Бундшен станала ново заштитно лице на модната компанија „Шанел“. Бразилската манекенка ќе го рекламира новиот производ на модната куќа, односно новата колекција шминки ‘Les Beiges’, која се очекува во продажба да излезе на 15 март.

Оваа убавица која своето второ дете го родила во декември минатата година се фотографирала за оваа кампања минатата пролет, а фотографиите ги снимал познатиот фотограф Марио Тестино. Таа претходно била заштитно лице за шминката „Макс фактор“ кога во 2008 година потпишала договор со тој бренд на период од две години вреден 2,5 милиони долари. Минатата година списанието Форбс повторно ја прогласило за најплатен супермодел на светот со заработка од 45 милиони долари.