Иако значаен јубилеј, 90 години од фудбалот во Охрид, големата сала од Општинската зграда остана полупразна. Авторот на монографијата Димче Стојкоски – Лепи се “намачил“ да ги најде и да ги  пронајде  оние кои во овој изминат век на овој или оној начин го одбележале фудбалскиот век во Охрид. Но голем дел од нив, со често на исклучоци не најдоа време да дојдат и да се појават на промоцијата.


Жалам што наместо со еден спектакл, на еден вака морам да забележам скромен начин го одбележуваме овој јубилеј – рече Стојкоски.

Во салата немаше никој од актуелното раководсто на Охрид 2004, како и никој од фудбалерите кои сезонава го носеа дресот низ мечевите во Првата лига.

Неприсуството и неинтересот за овој јубилеј во целост се вклопи со целата слика која охридскиот фудбал ја испрати во македонската и светската јавност сезонава.


Лани оваа година се радувавме на големиот успех. Но годинава тагуваме. За една сезона фудбалот замре – рече спортскиот новинар Иван Арсеноски.

Охрид Лоте замина во историјата, додека само по една сезона минатата во елитата, “рибарите“ се вратија во второлигашкото друштво.

Наскоро ќе има нов јубилеј, 100 години од фудбалот во Охрид. Има доволно време да се организираме и да го одбележиме јубилејот онака како што и му доликува.

М.Постоловски