Дел од навивачите на Борусија Дортмунд на дуелот со Дармштад во Бундес лигата предизвикаа серија инциденти за кои требаше да интервенира локалната полиција.


По прегледувањето на снимките и извештаите Германската фудбалска федерација жестоко им одговори на навивачите од Дортмунд кои се познати како „жолт ѕид“ суспендирајќи ги до крајот на сезоната.

Точно се работи за 88 навивачи кои и по пат биле застанати и претресени во автобусот, а полицијата пронашла бакли, петарди, борбени нараквици, лекови за против болги, дрога и уште многу недозволени работи.

„Милионерите“ поради навивачите констатно се тапет од дисциплинската комисија во Германија, но овој пат цехот за лошите потези го платија само навивачите кои не ќе можат да влезат на стадионите ширум земјата до крајот на сезоната.

OhridNews