Жорди, синот на легендарниот фудбалер Јохан Кројф собра сили и после смрта на својот татко проговори за трагедијата во фамилијата.


Јохан Кројф почина од рак на белите дробови иако пред три месеци изјави дека ја води 2-0 болеста на полувреме. Легендарниот холандски фудбалер почина во Барселона на 69-ет годишна возраст.

– Кога бев мал неможев да ја осетам неговата големина. Но, како што растев чувствував за каков човек и фудбалер се работи. Им благодарам на сите за сочуството и поддршката во овие моменти. Многу ми е мило што мојот татко ќе остане запаметен секогаш и иако почина замина во бесмртните. – изјави Жорди.

Тој немаше успешна кариера како својот татко иако настапуваше во Барселона, Манчестер Јунајтед и Селта Виго. Моментално, Жорди работи како спортски директор во израелскиот клуб Макаби Тел Авив.

Јохан Кројф ја загуби битката со тешката болест

OhridNews