Некогашниот голгетер на Милан, Пари Сент Жермен и Монако, Жорж Веа официјално е одбран за претседател на Либерија.
Тој на изборите во својата земја доби доверба 61,5% од гласачите за разлика од противкандидатот Џозеф Боакаи кој собра 38,5% од вкупните гласови.
Веа пред себе има голем предизвик да ја продолжи одличната работа на Елен Џонсон Ширлеф кој во својата земја донесе мир и спокој и беше награден со Нобелова награда за мир.
Резултатите се уште не се потврдени, но не се очекува некоја драстична промена која ќе ја загрози победата на Веа.
OhridNews