Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо лично во Загреб ќе преговара со Иван Перишиќ за преселба од Интер на Олд Трафорд.
Како што информираат англиските медиуми португалскиот стратег на клупата од „црвените ѓаволи“ ќе оствари средба со фудбалерот и неговиот менаџер за договарање за соработка.
Поради жолти картони членот на милански Интер нема да настапи на мечот со Украина, но тоа нема да му пречи на „специјалниот“.
За услугите на Перишиќ заинтересиран е и Ливерпул, но „црвените ѓаволи“ се порешителни на стартот од преговорите.
Целиот трансфер на хрватскиот репрезентативец на Олд Трафорд би чинел околу 40 милиони евра.
OhridNews