Женскиот ракометен клуб Лихнид со две генарации и Ракометниот клуб Охрид со една генерација ќе учествуваат на меѓународниот турнир кој ќе се одржи од 21 до 23 април во Златибор.


Ракометниот клуб Охрид ќе се натпреварува со пионерската екипа која моментално се наоѓа на првата позиција на табелата во македонскиот шампионат, додека „китовите“ силите со противниците ќе ги одмерат со екипите од 2000 и 2002 година.

Пионерската екипа на РК Охрид трет пат ќе учествува на турнирот во Златибор, а ќе се сретне со екипите на Славија и Слога. Ракометарките на Лихнид (2000г.) по втор пат ќе се престават на меѓународниот турнир, а ќе се натпреваруваат со Подгорица, Славија, Раднички и Босна, помалите односно ракометарките родени 2002 година ќе се судрат со Хаџици, Пријеполје, Подгорица и Слога.


– За сите нас ова ќе биде ново и големо искуство иако имаме учествувано на турнирот во Златибор. Патуваме без резултатски притисок, но со голема задача и мотивација да го преставиме во најдобро светло охридскиот ракомет. – коментираат тренерите од двата клуба.

OhridNews