Екипата на Букурешт е ривалот на македонскиот ракометен шампион Вардар во полуфиналето од Ф4 турнирот во Будимпешта.
„Вардарки“ во групната фаза од ЛШ два пати беа подобри од своите противнички во полуфиналето.
– Задоволни сме од ждрепката, наша желба беше да се избегне тимот на Будуќност. Малкумина очекуваа Букурешт да стигне до разиругвањето така што тоа е мало изненадување. Познат противник ни е бидејќи веќе игравме против нив. Се што се случи во мечевите во групата е заборавено, мечевите во Будимпешта е сосема нешто поинакво. Тимовите ќе бидат екстра мотивирани. Има доволно време да се подготвиме. – рече по ждрепката претставникот на Вардар, Ана Стојков.
Судирот на победниците во последните две сезони од ЛШ, Будуќност и Ѓер ќе биде посебна посластица. – Големо уживање е да се играат мечеви во оваа фаза. Нема тука лесни противници. Во секој случај подобро е што ќе играме против Гјор во полуфиналето отколку во финалето. Атмосферата ќе биде “пеколна“, но ние токму тоа и посакуваме, нека победи подобриот. – рече преставникот на Будуќност.
OhridNews