Женскиот ракометен клуб Вардар после завршување на тековната сезона најверојатно ќе остане без најдобрата ракометарка, Андреа Пенезиќ.

32-годишната ракометарка посакува да и се посвети на фамилијата, односно на својот партнер Матија Кобетиќ кој е голман и брани во редовите на тетовска Ренова.

Хрватската интернационалка која во редовите на Вардар дојде од Крим 2014 година се наметна како лидер на составот од Јане Сандански и со најголем број на погодоци учествува во сите успеси на клубот.

Заминувањето на Пенезиќ ќе биде сериозен предизвик на управата од Вардар која ќе треба да најде соодветна замена за квалитетите на Хрватката.

OhridNews