Во супермаркет во Cesky Tesinu (Чешка), влегол разбојник кој со пиштол ги побарал парите од продавачката Маркета (59). Иако носел маска од Спајдермен, продавачката заклучила дека крадецот е всушност симпатично младо момче. Го прашала зошто го прави тоа, и почнале да разговараат.


Во продавницата немало никого, па тој се опуштил. На крајот дури и се извинил.
– Му реков да дојде кај мене на шолја чај и торта, па ќе поразговараме за неговите проблеми. Прифати и си замина, кажува продавачката.
Полицијата трага по момчето на кое му прети казна од 10 години затвор поради обид за вооружена кражба.