Женскиот центар „Бисера“ , по повод Меѓународниот ден на таткото – 15 Септември,  го објави традиционалниот конкурс за детски ликовни и литературни творби.

Темата на која ќе можат да творат заинтересираните ученици од сите основни училишта во Охрид е „Татко“. Конкурсот трае заклучно 10 септември.

Творбите можат да се доставуваат во просториите на центарот “Бисера” секој работен ден од 11 до 13 часот, како и во самите училишта.

Централното одбележување на денот ќе се одржи во Основното училиште “Христо Узунов”, каде ќе биде одржана заедничка програма во која ќе земат учество  ученици од сите основни училишта во општина Охрид.

OhridNews