По повод претстојните празници членките од Женски центар „Бисера“ ги посетија децата кои се лекуваат во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ каде беа пречекани од страна на директорот д- р Митко Тилески и дел од персоналот .

При тоа на дечињата од страна на Бисера им беа подарени новогодишни пакетчиња, подготвени со средства кои членките од здружението ги собраа на неодамна организираната предновогодишна забава на која свои производи донираа охридските пекари и слаткарници.  

OhridNews