Да се едуцираме себе си и другите како би ја заштитиле својата планета и да им дадеме шанса на сите облици на живот кои опстојуваат на неа, е пораката на Женскиот центар „Бисера“, по повод одбележувањето на Светскиот ден на шумите, 21-ви март.
Како што информираат од ЖЦ „Бисера“, потребно е да се развие свеста за сочувување на природата и природните богатства, но и да се укаже на последиците од негрижата за околината.
„Препорачување до сите граѓани, внимателно да се однесуваат кон животната средина, да внимаваме на чистотата, уредувањето и културното однесување кон убавиот град, затоа што животната средина значи подобро здравје за сите нас.“ – стои во соопштението на ЖЦ „Бисера“.
Светскиот ден на шумите 21-ви март, е избран на 23-тата сесија на Генералното собрание на Европската конфедерација на земјоделство во 1971-ва година. Целта е да се придонесе за зголемвуање на свеста за важноста на шумите, нејзините вредности и улогата на човекот во нејзиното оддржување.
OhridNews