Вчера во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, по 17-ти пат традиционално беше организирана изложба по повод празникот 8-ми март, од страна на Женскиот центар „Бисера“. Охриѓанки уште еднаш ја покажаа својата креативност, истовремено укажувајќи дека покрај тоа што се добри мајки и сопруги, сепак наоѓаат слободно време за културно творење.
Свое обраќање пред присутните имаше претседателката на ЖЦ „Бисера“, Нада Мартиноска, која истакна дека празникот се одбележува со активност која е во контекст со она што се случувало некогаш.
„ЖЦ Бисера традиционално ја организира оваа 7-мо мартовска изложба, во која учествуваат нашите членови. Тоа пред се се мајки, општествено активни, но сепак наоѓаат врмеме да творат и да остават за себе прекрасни дела. Ова е мал придонес до храбрите жени и оние кои придонеле за женското движење, меѓи кои сме и ние. Сакаме на сите жени да им дадеме можност да се искажат и презентираат пред јавноста.“ – изјави Мартиноска.
Таа им го го честита 18-тиот роденен на членките и активстиките од здружението, со цел придонесење за подобар статусот и положба на жената во општеството.
„Сите дами сликарки кои ни го приредедија ова задоволство, сакам да им посакам и натака да творат, а на сите дами сакам да им посакам добро здравјке. Бидете добри мајки, посветени сопруги, успешни во професијата и секогаш борете се за женските права.“ – истакна претседателката на ЖЦ „Бисера“.
Мартиноска потенцира дека оваа невладина организација уште од 95-та година, активно е вклучена во женското движење кое делува на територијата на земјава.
„Заедно со невладиниот сектор, интелектуалките, жените од бизнис секторот и парламентарките, на еден начин успеавме да ги достигнеме тие 30 отсто учество на жените во парламентот. Во прашалникот од Европа, постои прашање, колку жени имате и колку се застапени во политичките партии и парламентот.“ – додаде Мартиноска.
Изложбата беше проследена со низа активности, а свое обраќање имаше и младата авторка Маја Мојсова, која пред присутните сподели дел од нејзиното книжевно остварување.
OhridNews