Женски центар„Бисера“,Охрид  као невладина организацаија  дава еден мал придонес кон  одбележувањето Светскиот ден на заштита на шумите 21-март – првиот ден на пролетта и 22-ри март Светскиот ден на водите.

– Многу е важно да се потсетиме на важноста на шумите и водите и нивната заштита. Иако би морале секојдневно за ова да размислуваме, да ствараме и ги применуваме навиките за зачувување на природните ресурси, потребно е барем еднаш годишно ваквите добра да бидат најважната тема и приоритетна задача на човештвото. Една кинеска изрека зборува дека најдобро време да посадите  дрво беше пред 20 години. Второ најдобро време е-СЕГА. Тоа нека биде наша водилка на патот на надминување на светските еколошки проблеми од било која врста, поука која зборува дека нема време за чекање и да само со заедничко дејствување можеме да го оствариме зачувувањето на природата и опстанокот на човекот во неа. Веројатно, сите училишни установи и еколошки организациии низ целиот свет ги прифатиле и ги одбележуваат овие значајни датуми и подсетуваат на важноста на шумите и водите. Тоа би требало секој човек да го замисли, ако не порано барем веднаш да ги менува навиките и го поправи односот кон околината. Свесни сме за значењето, но да се потсетиме и на последиците од претерана злоупотреба на природата, загадувањето и уништувањето, бидејќи колку и да е природата способна сама да се одржува и регенерира, има и во тоа граници и потребна и е и заштита од човекот. А човекот тоа и го должи, стои во еко- пораката на “Бисера” .

По повод одбележувањето на  21-ви март-Светски ден на шумите, првиот ден на пролетта и 22.-ри март Светски ден на водите, Женскиот центар „Бисера“,Охрид  организира еко марш.

OhridNews